Екипата на Борец промовираше две нови засиливања за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Нови имиња кај велешани се Горан Димоски и Стојан Петковски.
Младиот Горан Димоски има само 19 години и доаѓа од прилепска Победа. Тој може да ги покрие страничните позиции, на бековската позиција но и на крилната офанзивна позиција. Стојан Петковски е играч од средниот ред кој има 28 години и пристигнува од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА