Агентот на Осимен ја демантираше трампата на Челси и Наполи: Доста со тие лаги

Виктор Осимен изрази желба да замине од редовите на Наполи, но засега нема клуб кој сака да ја плати цената од 130 милиони евра за негов трансфер која ја посакува неаполитанскиот клуб.

Во последните денови англиските медиуми пласираа информација дека e можна трампа на фудбалери помеѓу Челси и Наполи во која во правец кон Лондон би заминал Нигериецот, а Ромелу Лукаку ќе биде неговата замена, но оваа информација ја демантираше агентот на Осимен.

„Читам за тие фантазии за размена на Виктор… како да е прашање на пакет кој треба брзо да се испорача. Овој „пакет“ е најдобриот стрелец во историјата на Наполи кој го освои Скудетото. Почитувајте го и доста со тие лаги“, вели Календа.

Се вчитува...