Бесарт Ибраими со мајсторија ја врати Струга ТЛ во живот, по негативата од 2-0 во Ереван (ВИДЕО)

Струга ТЛ има негативата од 2-1 на гостувањето против Пјуник во Ереван на реванш дуелот од 2. квалификациско коло во Конференцската лига на УЕФА, со што сега е анулирана предноста на македонскиот шампион од првиот меч во Охрид пред една недела.

Пјуник имаше предност и од 2-0 се до последните секунди од првиот дел, но Бесарт Ибраими со мајсторски погодок во четвртата минута од судиското продолжение ја врати Струга ТЛ во игра, за 2-1 на полувремето.

Претходно, Пјуник поведе со голот на Дебле во 16. минута…

А, Коваленко во 45. минута зголеми и на 2-0.

Сепак, стружани остануваат се уште во игра за пласман во третата квалификациска рунда од Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...