Фенербахче со предност од 4-3 во Истанбул го пречекаа тимот на швајцарски Лугано во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Кога се чинеше дека турскиот тим лесно ќе се справи со противникот, сепак, Швајцарците имаа предност на полувремето од 0-1, и беа на добар пат да ја анулираат предноста на тимот предводен од Жозе Мурињо.
Турскиот тим немаше удар кон голот се до 59. минута кога Џеко донесе израмнување. Овој гол како да ги разбуди домашните, па во финишот стигнаа и до победа. Стрелец на победничкиот гол беше Шумански.
Во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите продолжува и тимот на АПОЕЛ, кој со вкупни 2-1 го елиминираше молдавски Петрокуб, додека во следната фаза оди и Спарта Прага која и на реваншот ја победи екипата на Шамрок Роверс.
Фенербахче во третото коло за противник ќе го има француски Лил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА