Тренерот на Струга Трим Лум, Ќатип Османи ги искажа своите импресии од поразот од Пјуник 3-1 во Ереван, и елиминацијата во 2. квалификациско коло од Лигата на конференции.
Струга и покрај предноста од првиот меч од 2-1, на реваншот со гол во 96. минута беше поразен со 3-1, и беше елиминиран од Европа, откако претходно беше елиминиран и во Лигата на шампионите од Слован Братислава.
Според Османи, клучно за елиминацијата било првото полувреме, кога противникот дојде до два гола, и со 2-1 замина на пауза.
„Во првото полувреме не бевме на вистинското ниво. На противникот му дозволивме многу простор да не нападне пред нашиот гол и како затоа примивме два гола. Благодарение на Ибраими, успеавме да се вратиме на крајот од првото полувреме. Можам да кажам дека второто полувреме беше рамноправно, неколку пати се обидовме да ризикуваме кон противничкиот гол, но безуспешно. На крајот се случи тоа што се случи, го примивме и третиот гол со кој сме елиминирани од европските натпреварувања“. – изјави тренерот Ќатип Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА