Актуелниот светски првак Германија, го совлада амбициозниот тим на Бразил со 86-73 во 2. коло од групата на Олимписките игри во Париз. Германскиот национален тим одигра меч со многу осцилации, откако во еден миг водеше и +14, па му дозволи на противникот дури да дојде и до водство. Меѓутоа на крајот во мирна завршница, Германците успеаја да дојдат до победата.
Ова беше втор триумф за Германија, додека Бразил го запиша и вториот пораз откако загуби во првото коло и од Франција, па против Јапонија ќе се бори за биде една од најдобрите третопласирани селекции и да остане во трка за пласман во следната фаза.
Најефикасен беше Шредер кој постигна 20 поени, додека кај Бразил Бените постигна 17.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА