Килијан Мбапе (25) преку својот инвестициски фонд Coalition Capital купи 80 отсто од акциите на Oaktree Capital Management во францускиот второлигаш Каен и со тоа стана негов нов мнозински сопственик, објави L’Equipe.
Зделката е вредна меѓу 15 и 20 милиони евра, а малцинската сопственост од 20 отсто ќе ја задржи актуелниот претседател на Надзорниот одбор во клубот, Пјер-Антоан Каптон.
Минатата сезона Каен го зазеде шестото место на табелата на француските второлигаши.
Со купувањето на Каен, Мбапе стана најмладиот сопственик на европски фудбалски клуб на сите времиња. Пред само 12 години, тогаш 13-годишниот Мбапе беше на прагот да премине во Каен, пред да одлучи да замине во Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА