Легендарниот напаѓач неодамна се врати во Колумбија за да игра за Милонариос, но семејната драма го принуди да го пропушти натпреварот овој викенд.
Во неговиот дом во Богота, сопругата Лорелеј Тарон, нивните пет деца и двајца братучеди се затруле со јаглерод моноксид од истекување на гас. За среќа ги спасила домашна помошничка која случајно се нашла таму во тој момент.
„Ја вклучивме греалката и се затрувме со јаглерод моноксид. После неколку часа почувствуваме силен мирис. Собарката извика брзо да излеземе. Излеговме затоа што мирисот беше неподнослив. Едното дете плачеше, другото спиеше. Набрзо и мојата мајка почна да се чувствува лошо, со повраќање и главоболка“, изјави сопругата на Фалкао.
Веднаш сите се пренесени во болница. Поради ваквата ситуација Фалкао не можеше да игра и им се извини на навивачите, заблагодарувајќи им се на сите за пораките за поддршка, а особено на персоналот од болницата кој му помогна на неговото семејство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА