ПСЖ постигна начелен договор со Џејден Санчо околу условите за неговата преселба на Паркот на принцовите. Парижаните го насочија 24-годишниот крилен напаѓач како опција за замена на Килијан Мбапе и очигледно напредуваат во преговорите за негово доведување.
До неодамна, се сметаше дека Санчо речиси сигурно ќе го напушти Олд Трафорд откако минатата сезона се скара со менаџерот Ерик тен Хаг и беше испратен да ја заврши кампањата на позајмица во Борусија Дортмунд. Во последните денови, сепак, стана јасно дека двајцата ја поправија врската и Санчо се приклучи на претсезонските тренинзи на „црвените ѓаволи“. Сепак, клубот не ја исклучува можноста за евентуална продажба, ако добие доволно атрактивна понуда. Тоа значи дека некој треба да издвои најмалку 50 милиони фунти за овој фудбалер.
Иако Санчо е на мета на ПСЖ, тој се уште не е во врвот на играчите кои ги посакува тренерот Луис Енрике. Тренерот во прв план сака да го земе Дезире Дуе од Рен или Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Доколку преговорите за нив не доведат до позитивна завршница, дури тогаш ќе го земат Санчо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА