Рабио го одбил Ливерпул затоа што чека понуда од Манчестер Јунајтед

Ливерпул и натаму нема ангажирано нов фудбалер за следната сезона. Еден од изборот на тимот од Енфилд е Адриен Рабио. Францускиот интернационалец наводно веќе и добил понуда од тимот, но ја одбил.

Причината не била финансискиот дел, туку поради тоа што чека да види дали ќе добие понуда од Манчестер Јунајтед, пишува „Туто Јуве“. Тој пред две години беше блиску до преселба во Манчестер Јунајтед, и сега се надева дека трансферот ќе стане реалност.

Јунајтед исто така бара играч од средниот ред, а Рабио е една од опциите. Сепак, Угарте е на врвот на приоритетите на тренерот Ерик тен Хаг.

Ливерпул ќе продолжи да ја следи ситуацијата, а ако Рабио не добие понуда од Манчестер, тогаш би можел да се пресели на „Енфилд“.

Се вчитува...