Српскиот голман Предраг Рајковиќ е на излезна врата од Мајорка и како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Рајковиќ веќе решил да ја напушти Шпанија, но начинот на кој го принудува заминувањето од Мајорка навивачите на тој клуб никогаш нема да го простат.
Рајковиќ пред две години за два милиони евра пристигна во Мајорка од Ремс, каде ја доби улогата на прв голман, а зад себе имаше две прилично добри сезони во дресот на шпанскиот клуб.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Рајковиќ веќе ги договорил условите на договорот со саудискиот клуб, а во моментов Ал Итихад преговара со Мајорка околу трансферот. Челниците на Мајорка не беа баш заинтересирани за продажбата на Рајковиќ, без разлика на наплатата од околу осум милиони евра за него.
Дека Србинот по секоја цена сака да оди во Саудиска Арабија, покажува фактот дека го пропуштил вчерашниот тренинг на екипата, затоа што клубот не се согласил на трансферот.
Се очекува Мајорка да ја прифати на крајот понудата, а Рајковиќ веќе е со „спакувани куфери“ на пат кон судиските милиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА