Челси и Атлетико се договорија, Англичанецот доаѓа во Мадрид

Атлетико Мадрид е блиску до потпис со англискиот репрезентативец Конор Галагер. Преговорите вродија со плод, и Челси ја прифати понудата од Диего Симеоне за играчот од средниот ред.

Сумата околу целиот трансфер ќе изнесува меѓу 35 и 40 милиони евра. Галагер не е во плановите на Челси, и со оглед на големиот фонд на играчи, лондонските „сини“ се решија да го пуштат.

Сега останува уште Галагер да ги договори личните услови со шпанскиот тим, и фудбалерот да се пресели во Шпанија. За него имаше интерес и од Тотенхем, но Челси не сакаше да го продаде на друг англиски клуб.

Во минатото Галагер од Челси како позајмен настапуваше во Чарлтон, Свонски, ВБА и Кристал Палас.

Се вчитува...