Конечно, падна договор: ПСЖ му ја исполни големата желба на Луис Енрике

ПСЖ конечно постигна целосен договор со Бенфика за трансерот на Жоао Невес, фудбалер кој се наоѓаше на врвот на листата желби на Луис Енрике како приоритетно засилување на „светците“ за овој преоден рок.

Португалскиот тим долго време одбиваше да преговара инсистирајќи да го задржи Невес, но откако фудбалерот се договори со ПСЖ за петгодишен договор и плата од пет милиони евра по сезона плус бонуси, порасна и притисокот врз Бенфика во овие преговори. На крајот, претседателот Руи Коста ја прифати понудата од загарантирани 60 милиони евра, плус десет милиони евра поврзани со неколку клаузули, давајќи зелено светло за плејмејкерот да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Португалскиот весник „А Бола“ објави дека е постигнат целосен договор и Невес в петок ќе отпатува за Париз, каде по задолжителните медицински прегледи ќе следи и потпис на договорот со ПСЖ.

Бенфика покрај парите на едногодишна позајмица ќе го добие и Ренато Санчез, поранешниот португалски репрезентативец кој не се снајде најдобро откако во 2016 како тинејџер реши да си замине од Бенфика и за сума од 35 милиони евра се пресели во Баерн Минхен.

Се вчитува...