И Хрватска дојде до својот втор медал на Олимписките игри 2024 во Париз, откако џудистката Барбара Матиќ го освои златниот медал во категоријата до 70 килограми.
Матиќ во полуфиналето славеше против Холанѓанката Сан ван Дијек, па потоа во финалето триумфираше против германската репрезентативка Мириам Буткереит.
29-годишната сплиќанка дојде во Париз како актуелна шампионка на Европа и сега сосема ја оправдува фаворитската улога. Претходно беше и двапати светски шампион од Будимпешта и од Ташкент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА