Новак Ѓоковиќ е двоен рекордер на Олимписките игри

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Летните олимписки игри откако славеше со максимални 2-0 во осминафиналната пресметка против Германецот Доминик Кефер.

Оваа победа донесе нов рекорд за Србинот кој сега со 37 години и 10 денови е најстариот учесник во четвртфинале на тенискиот турнир на Олимписките игри од враќањето на „белиот спорт“ на програмата во Сеул во 1988 година.

Интересно, сега Ѓоковиќ е двоен рекордер на Олимписките игри како најмлад и најстар учесник во четвртфиналето. До првиот успех стигна на Игрите во Пекинг во 2008 година.

Се вчитува...