Србљак го доби маратонот во Куршумлијска бања

По три часа и 24 минути македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да избори пласман во второто коло на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска бања. Тој во маратонскиот меч го победи Јан Кобиерски од Австрија со 2-1 во сетови (3-6, 7-5, 6-4) и утре во мечот од вторто коло ќе игра против третиот носител Федерико Бондоли од Италија.

Мечот беше одигра во три сета и 31 гем, а првиот сет му припадна на Кобиерски со 6-3, кој веднаш на стартот направи брејк и таа предност ја чуваше до самиот крај што му донесе и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет предноста беше за македонскиот тенисер кој водеше со 2-0, а потоа и со 4-2 и 5-3 во сетот, за сепак до изедначување на 1-1 да стигне откако вториот сет заврши со 7-5 во гемови за Србљак.

Во решавачкиот сет нашиот тенисер, беше во негатива од 3-1 и 4-2 во гемови, но сепак со серија од четири гема успеа да направи пресврт и со 6:4 во гемови да го добие третиот сет.

Денеска во конкуренција на двојки на истиот турнир настапи и Обрад Марковски заедно со Стефан Латиновиќ од Србија, кои загубија со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 10-7) од српско-грчаката комбинација Вук Раџеновиќ и Аристотелос Танос.

Се вчитува...