Новинар му постави интересно прашање на Мурињо, па следеше вистинско шоу

Вицешампионот на Турција, Фенербахче кој е предводен од легендарниот Жозе Мурињо од клупата и балканскиот двоец Душан Тадиќ – Един Џеко во нападот се пласираше во третото коло од квалификациите за Лигата на Шампиони славејќи во вкупни 6-4 во двомечот против Лугано.

Во следната фаза клубот од Истанбул за противник ќе го има француски Лил, клуб кој многумина го сметаат за фаворит на оваа средба. Жозе Мурињо не е еден од нив.

Португалецот беше запрашан од страна на новинар за традиционалното мачење на турските тимови против посилните европски екипи на што имаше својствен одговор.

„Лил баш беше несреќен што не извлече нас. Сигурен сум дека ќе им биде многу помило да извлекоа некој друг за противник“, започна Мурињо па продолжи по драмска пауза.

„Разбирам дека турските тимови во минатото имале проблеми против големите европски тимови, но не живееме во минатото и клубовите од оваа држава заслужуваат нова шанса за докажување. Мислам дека Лил немаше среќа и дека ќе им биде тешко со нас. Неколку часа ќе поминам на базен, а по враќањето ќе започнам со подготовка на тренинзите и мечот против Лил. Едвај го чека тој забавен двомеч“.

Се вчитува...