Весли Фофана, францускиот репрезентативец од редовите на Чесли застана во одбрана на неговиот соиграч, Аргентинецот Енцо Фернандез кој се најде во центар на скандал откако пееше погрдна аргентинска навивачка песна против француските црномурести фудбалери.
Фернандез се приклучи на тренинзите на Челси и според инсјадерските информации се извинил на целиот тим и ветил дека ќе донира поголема сума на пари на фондација која се бори против дискриминација.
„Гледате Енцо се врати и јас сум среќен. Разговаравме. Јас му кажав дека воопшто не ми се допадна видеото, а тој ми се извини и ми кажа дека немал намера да навреди било кого. Не знаел што пеел. И му верувам бидејќи го познавам. Тој не е расист, само видеото е лошо. Тоа е не Енцо. Тоа е целиот аргентински тим. Целата приказна е завршена и сега се е добро“, вели Фофана кој е само еден од шестте Французи кои се со Челси на летна турнеја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА