Македонскиот фудбалски голман Дамјан Шишковски и неговиот Борац Бања Лука доживеаја елиминација во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите од грчкиот шампион ПАОК.
Откако во првиот меч одигран на домашен терен пред седум дена Шишковски и соиграчите загубија со 2-3, тие вечерва беа поразени и на реваншот во Грција со минимални 1-0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Мург во 25. минута.
Во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите ПАОК за противник ќе го има шведски Малме.
Borac Banja Luka 0-1 PAOK [2-4 on agg.] – Thomas Murg 25'
byu/Meladroitdimage insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА