ОФИЦИЈАЛНО: Филип Ивиќ е нов ракометар на Пелистер

Нов член на македонскиот ракометен шампион Пелистер е хрватскиот репрезентативен голман Филип Ивиќ.

Ивиќ  низ професионалната кариера настапувал во ракометни земји како Хрватска, Полска, Германија, Словенија, Франција.
31-годишниот Ивиќ е загрепчанец и изданок на школата на поранешниот европски првак Загреб. Освен за матичниот клуб менуваше искуства во повеќе шампионати. Три сезони играше во Киелце, по една во Гумерсбах и Целје Пивоварна Лашко и две во Шамбери.

Се вчитува...