Српскиот тренер Иван Јовановиќ, е нов селектор на Грција. Искусниот стратег веќе долги години е во Грција, добро го познава фудбалот во оваа земја, и му беше доделена довербата, откако Грците не успеаја да се пласираат на ЕВРО 2024, откако беа елиминирани од Груција во бараж мечот на пенали.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Грција, Макис Гагацис, инсистираше Јовановиќ да биде нов селектор, и таа желба му се оствари.
Јовановиќ потпиша двегодишен договор, и ќе има цел да ја однесе селекцијата на Мундијалот во Северна Америка во 2026 година. Ако успее во мисијата, договорот автоматски ќе му биде продолжен на уште две.
Иван Јовановиќ беше тренер на Ники Волос, на Иркалис, кипарски АПОЕЛ, Панахаики, Ал-Наср, селектор на ОАЕ, па во Панатинаикос каде работеше од 2021 до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА