Челси има седум голмани, а ќе ангажира уште еден

Екипата на Челси во моментов на платен список има дури седум голмани, веројатно е апсолутен рекорд во светски размери. Што е уште поневеројатно, веројатно овој тим ќе го добие и осмиот, со оглед дека тинејџерот на Генк, Мајк пандерс е пред потпис со клубот за 19 милиони евра.

Ако младиот Белгиец дојде на „Стемфорд Бриџ“, тоа ќе биде осмо име меѓу диреците.

Освен Пандерс, пред неколку дена Челси го потпиша и Данецот Филип Јоргенсен, кого го плати 25 милиони евра на Виљареал. Освен овие двајца, тука се уште и Ѓорѓе Петровиќ, потоа Кепа, Роберто Санчез, Габриел Слонина, а на располагање на Енцо Мареска му се уште и Лукас Бергстром и Маркус Бетинели.

За сите нив Челси во претходните сезони одвои 150 милиони евра.  

Се вчитува...