Хрватски репрезентативец ќе го менува Калафиори во Болоња

Хрватскиот репрезентативец Мартин Ерлиќ потпиша за Болоња, и со тоа италијанскиот тим го реши прашањето за замена за Рикардо Калафиори, кој замина во Арсенал.

Стоперот ги мина лекарските прегледи вчера, и денеска го стави потписот на договорот, а веќе утре заминува со екипата на подготовки. Ерлиќ досега го носеше дресот на Сасусоло, кој испадна во Серија Б.

Ерлиќ долго време е во италијанскиот фудбал, односно цели седум години. Освен Сасусоло, играше и во Специја. За Хрватска има девет настапи.

Се вчитува...