Барселона ја обнови својата понуда за офанзивниот играч за врска Дани Олмо, откако испрати подобра до Лајпциг за ангажман на Шпанецот на „Ноу Камп“.
Германците ја одбиле првата понуда од „Каталонците“, а сега понудата е 55 милиони евра, плус дополнителни 4 милиони евра низ бонуси, кои се лесно остварливи, како и 3 милиони евра кои се потешко остварливи. Ова е блиску до 60 милиони евра кои ги бара Лајпциг.
Мундо Депортиво, пак, тврди дека понудата на Барселона е 47 милиони евра фиксно, и три милиони евра ако Олмо одигра одреден број на мечеви, а исто така 10 милиони евра се планирани за Лајпциг, во зависност од трофеите кои ќе ги освои Шпанецот.
Тоа ќе биде веројатно доволно за двете страни да ги исполнат своите очекувања, и наскоро Олмо би требало да стане дел од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

