Француската полиција денеска во Париз го привела таткото на хрватската џудистка Барбара Матиќ која вчера го освои златниот медал на ЛОИ 2024.
Борис Матиќ, како што пренесуваат француските медиуми, е приведен поради сомнеж дека сексуално напаствувал волонтерка на Олимписките игри. Таа пријавила дека Борис Матиќ насилно ја бакнувал и допирал по телото веднаш по победата на неговата ќерка во четвртфиналето на џудо турнирот.
24-годишната волонтерка шокирана од односот на таткото на златната хрватска олимпијка го пријавила во полиција, истакнувајќи дека се обидела да го одбие, но тој насилно ја бакнувал.
Французите пренесуваат дека Борис Матиќ во моментов е под истрага приведен во полиција, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

