Американката Бајлс со ново злато на ЛОИ 2024

Американската гимнастичарка Симон Бајлс продолжува да ги поместува границите на Летните олимписки игри во Париз. Таа освои нов златен медал во повеќебој доаѓајќи до второто свое најсјајно одликување на ЛОИ 2024.

По екипното злато со селекцијата на САД, Бајлс сега беше најдобра и во поединечна конкуренција.

Пресуди финалната вежба на партер, каде ја помина дотогаш најдобрата, Бразилката Ребека Андраде која на крај заврши како втора, а бронзата замина во рацете на Сансет Ли.

Се вчитува...