Младите македонски кошаркари, по максималните пет победи за прво место во групата „Ц“ успешно го завршија првиот дел на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Скопје, па денеска на нашиот најголем празник, на Илинден, од 18.30 часот во салата на СРЦ „Кале“ ги очекува четвртфиналниот дуел со Португалија.
Јуниорите денеска очекуваат и посакуваат силна поддршка во битката за влез во Топ 4 на Европското првенство и пласман кој води кон „А“ Дивизијата.
Влезот во СРЦ „Кале“ ќе биде слободен за сите љубители на кошарката, во очекување на нов успех на нашите јуниори. Во изминатите пет натпревари покажаа дека играта не зависи само од поединци, дека полека, но сигурно, Македонија станува колектив од кој стравуваат сите присутни на турнирот во нашиот главен град.
Како одминуваа(т) натпреварите, сега, „тука е“ и Стојковиќ, но и Лукановски, Ќириловски, Марјановиќ, или потошно кажано, тука е колективот кој полека но сигурно станува и најсилно оружје во плановите на стручниот тим предводен од селекторот Горан Андреевски.
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
2. АВГУСТ (ПЕТОК)
18.30: МАКЕДОНИЈА – Португалија (СРЦ „Кале“)
18.30: Црна Гора – Полска (СЦ „Борис Трајковски“)
21.00: Австрија – Чешка (СЦ „Борис Трајковски“)
21.00: Швајцарија – Бугарија (СРЦ „Кале“)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА