Денеска се одиграа два ракометни натпервари од групата Б, од каде стана јасно дека Данска со четвратата победа продолжува во следната фаза, а Франциај дури во четвртиот меч дојде до првата победа.
Данците успеја да ја совладаат селекцијата на Унгарија, благодарение на оидличната игра на Гидсел, кој постигна осум голови. Хансен и Јоргенсен постигнаа по пет.
Домашната селекција Франција дури на четвртиот меч дојде до првата победа. Французите ја совладаа Аргентина со 28-21. Франција речиси во целиот тек на мечот имаше предност.
Најефикасен беше Феска со осум голови, додека кај Аргентина Паркер постигна седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА