Драма во Париз: Пливачка од Словачка колабираше по трка

Тамара Поточка, пливачка од Словачка се натпреваруваше на 200 метри мешано, и во третата група заврши на седмото место со време од 2:14:20.

Но, после трката следуваше вистинска драма откако Поточка колабираше. Веднаш и беше укажана лекарска помош од медицинскиот тим кој беше во базенот, и веднаш и дадоа кислород.

Таа потоа со стручниот штаб го напушти базенот.

Се вчитува...