Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти очекува наскоро да ја заврши кариерата во клупскиот фудбал. Италијанецот има договор со „кралевите“ до јуни 2026 година.
Анчелоти беше поврзуван за водење на репрезентацијата на Бразил, но до договор не дојде. Не се исклучува тој по завршување на сезоната целосно да се пензионира од фудбалот.
„Ова ќе биде мојот последен клуб. За репрезентација не знам. Не сум нешто посебно возбуден да работам со репрезентација, затоа што ќе ја загубам дневната рутина. Навистина уживам во ова што го работам. Ова ќе биде мојата 29-та сезона како тренер. Вистина е дека освоив многу, но не заборавајте дека и многу загубив“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА