Женскиот боксерски турнир на Олимписките игри влегува во завршна фаза, но во центарот на вниманието e Алжирката Иман Хелиф.
Меѓународниот олимписки комитет, има поинаков став за целата ситуација велејќи дека Хелиф е само жртва.
„Хелиф е жртва на ненадејна и произволна одлука донесена од ИБА. Во последната фаза од Светското првенство беше дисквалификувана без никаква процедура. Целата агресија насочена кон неа е заснована на ништо, а се игнорира дека тие со години настапуваат на највисоко ниво. Таквиот пристап е во спротивност со принципите на добро владеење, а ИОК е посветен на заштита на човековите права на сите спортисти кои се натпреваруваат на Олимписките игри во согласност со нашиот етички кодекс. Тажни сме поради злоупотребата на која во моментов е подложна“, се вели во соопштението на ИОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА