Најдобрата тенисерка на денешницата Ига Швјонтек сепак успеа барем малку да го намали разочарувањето по поразот вчера во полуфиналето на ЛОИ во Париз, па на крајот успеа да се закити со бронзен медал.
Таа во малото финале славеше против словачката тенисерка, Ана Каролина Шмидлова со убедливи 6-2 и 6-1 и без поголеми проблеми стигна до својот прв олимписки медал.
Во финалето кое е закажано за утре ќе се сретнат Кинезинката, Кинвен Женг и Хрватката Дона Векиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА