Кошаркарките до 18 години поразени на првиот меч на ЕП Б-дивизија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години загуби на стартот на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Плоешти од Република Ирска со убедливи 86-52.

Нашата селекција успеа да парира во две четтвртини од премиерниот меч, откако бевме делумно рамноправен противник во втората, односно во последната четвртина.

Во првата и третата четвртина, селекцијата на Ирска се покажа како поцврст и поквалитетен ривал, кој ги искористи сите оние физички предиспозиции, за да стигне и до првиот успех на шампионатот во овој романски град.

Сарафилоска и Трајковска во нашиот состав реализираа по девет поени, Николиќ имаше седум.

 

Се вчитува...