Ракометната репрезентација на Германија славеше над Шпанија со 33-31 во натпревар од 4. коло на Летните олимписки игри во Париз.
Во првото полувреме и двете репрезентации буквално играа без одбрана, а во нападот погодуваа од секоја позиција, па во таа голеада подобро се снајдоа Шпанците кои на пауза заминаа со позитива од 20-18.
Во вториот дел конечно се појавија одбраните на двете репрезентации. Германците успеаја да ја анулираат негативата, па на седум минути до крајот да влезат во егал 30-30. Во финишот Германците беа посконцентрирани и успеаја да стигнат до триумф од 33-31.
Ренарс Ушинс со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 10 гола на Алеиш Гомез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА