Kанада ја совлада Шпанија и ја исфрли од ЛОИ во Париз

Koшаркарите на Канада остануваат максимални на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз откако денеска во последниот меч од групната фаза славеа над Шпанија со 88-85 и со тоа ставија крај на надежите на „црвената-фурија“ за пласман меѓу осумте најдобри.

Натпреварот почна израмнето и по десет минути игра на семафорот стоеше егал (19-19). Канаѓаните одиграа фуриозна втора четвртина во која постигнаа дури 30 поени, па на пауза заминаа со двоцифрена предност (49-38).

Шпанија даде максимум во вториот дел да се врати во мечот и успеа да го внесе во неизвесна завршница, но сепак Канаѓаните одолеа и на крајот стигнаа до конечен триумф од 88-85. Гилџс Александер 20 поени беше прво име во таборот на Канада, додека кај Шпанија седумнаесет постигна Дарио Бризуела.

Се вчитува...