Динамо Загреб моќно ја стартуваше одбраната на титулата во хрватското првенство откако во првото коло од новата сезона ја демолираше екипата на Истра со 5-0.
Хоџа беше стрелец на првиот гол во новата хрватска сезона откако офанзивецот на Динамо се најде осамен по одличниот центаршут на Марко Пјаца и со глава го матираше гостинскиот голман. „Модрите“ до крајот на првото полувреме поведоа со 3-0 преку Теофил и Куленовиќ, потоа Куленовиќ во второто полувреме зголеми на 4-0 пред „петардата“ да ја комплетира Пјер-Габриел во 79. минута, по третата асистенција на Батурина на овој натпревар.
Стефан Ристовски беше стартер кај Динамо Загреб и ги одигра сите 90 минути во овој триумф, додека Аријан Адеми не беше ни меѓу резервите кај актуелниот првак на Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА