Ромеу ги спакува куферите и ја напушти Барселона

Уште еден фудбалер се најде на листата заминувања од редовите на Барселона ова лето. Неочекувано подготвителниот камп на Барселона во Анаполис, САД, го напушти и Ориол Ромеу.

Трансферот на овој фудбалер од средниот ред до пред неколку недели воопшто не би бил некое изненадување, но за време на подготовките Флик постојано со пофалби ги истакнуваше неговите игри и однос на тренинзите, и се чинеше дека ќе остане во Барселона.

Но, Ромеу веќе се враќа во Шпанија каде очекува финализирање на неговиот трансфер.

Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе е јасно дека Ромеу ќе се врати во Џирона од каде пристигна како замена за Серхио Бускетс. Но, неговото доаѓање во каталонскиот клуб се покажа како големо промашување.

Се вчитува...