Македонските фудбалски екипи имаа уште едно разочарувачко лето на европската клупска сцена, со елиминација од секој противник со кого се соочија.
Тиквеш и Шкендија уште во првото квалификациско коло ги завршија своите настапи во Конференциската лига на УЕФА, а Струга ТЛ на стартот доживеа елиминација од словачкиот шампион Слован Братислава во квалификациите за Лигата на шампионите за да потоа не успее и против ерменски Пјуник во второто квалификациско коло од Конференциската лига.
На крајот единствена „утеха“ за македонските екипи ќе останат оние „ситни“ финансиски средства (компарирано во однос на можноста што може да се добие со подолго опстојување во Европа) како начин за покривање на трошоците за следната сезона.
Па, Струга ТЛ со своите настапи во Европа заработи 960.000 евра, додека Тиквеш и Шкендија ќе мора да се задоволат со 325.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА