МОК се огласи околу контроверзната боксерка: „Неприфатлив говор на омраза!“

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах изјави денеска дека говорот на омразата упатен кон боксерките, Имани Келиф од Алжир и Лин Ју Тинг од Тајван е потполно неприфатлив.

„Нема да учествуваме во политички мотивирана… културна војна“ – изјави Бах пред новинарите во Париз, и дополни:

„Имаме две боксерки кои се родени како жени, кои се растени како жени и на кои во пасошите им пишува дека се жени и со години се натпреварувале како жени. Некои сакаат да бидат сопственици на дефинициите околу тоа кој е жена, што нема да го дозволиме“.

Се вчитува...