Србија загуби од Шпанија, па како второпласирана од групата кон четвртфиналето на ЛОИ

Кошаркарите на Србија загубија во одлучувачкиот натпревар за првата позиција во Групата А на Летните олимписки игри 2024 од селекцијата на Шпанија со 62-70.

По оваа победа, Шпанките го освоија првото место во групата, а Србинките како второпласирани продолжуваат во четвртфиналето на турнирот.

Пресудна за поразот на Србија беше лошо одиграната трета четвртина која Шпанија ја доби со 10-18, стекнувајќи се со предност од 17 поени пред последниот период од играта. Последната четвртина Србинките ја добија со 24-15, но немаа сили за целосен пресврт.

Најефикасна во победничкиот тим беше Конде со 15 поени, а кај Србија беше Андерсон со 18 поени и седум асистенции.

Се вчитува...