Македонскиот репрезезнтативец Никола Серафимов го постигна својот прв гол сезонава во дресот на Фехервар во шампионатот на Унгарија.
Само 39 секунди му беа неопходни на македонскиот дефанзивец во мечт за да го матира ДВТК на денешното соочување. Серафимов мајсторски реагираше со глава ефектно носејќи радост за својот тим.
МОЛ Фехервар на крајот триумфираше со 3-1, а стрелци на останатите голови за домашните беа Бабош и Катона.
Фехервар по двете воведни кола во унгарскиот шампионат сега е со четири освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА