Македонија и тоа како има надежи за кошаркарска иднина ако се суди според настапите на националниот тим до 18 години на Европското првенство – Б дивизија кое се одржува во Скопје.
Македонските јуниори, без ниту еден пораз, со максимален победнички ефект обезбедија место во финалето и пласман во А-дивизијата на ЕП во иднина со денешната убедлива победа од 92-68 против Бугарија во полуфиналната пресметка.
Дефинитивно ова се момците со кои Македонија се гордее, и на кои ќе се темели македонската кошаркарска иднина…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА