Барса славеше во првото „Ел Класико“, каталонците имаа неочекуван херој

Барселона славеше на првото „Ел Класико“ против Реал Мадрид што се одигра на стадионот „Металајф“ во Њу Џерси, меч што неочекувано мина во знакот на Пау Виктор, младиот напаѓач на Барса кој лани настапуваше за Б-тимот на каталонскиот гигант, а рано утрово блесна на најголемата сцена.

Пау Виктор ги постигна двата гола за каталонскиот гигант, првиот по одличното додавање на Левандовски, вториот на асистенција на десниот бек Алеш Вале, пред Реал да го ублажи поразот со голот на Нико Паз.

Кај двете екипи недостигаа дел од најголемите ѕвезди, а спектаклот беше нарушен од обилниот дожд што паѓаше во пресрет на големото дерби, но и за време на неговото одигрување.

Се вчитува...