Фемке Бол беше ѕвездата на синоќешната програма на ОИ во Париз откако Холанѓанката блесна во мешаната штафета 4х400 метри, носејќи и злато на својата земја.
Холандската штафета се наоѓаше на четвртото место кога Бол ја зеде палката и таквиот распоред остана се до последните стотина метри во кои таа додаде гас, успевајќи да ги мине најпрвин Амбер Енинг од Велика Британија,потоа и Наоми ван ден Брек од Белгија, за на крајот зад себе да ја остави и Кејлин Браун, која важеше за апсолутна фаворитка со американската штафета.
Она што е најинтересно, специјалитет на Бол е трката на 400 метри со пречки, но Холанѓанката со синоќешното издание покажа дека одлично се снаоѓа и на 400 метри без пречки.
Погледнете како изгледаше нејзиниот супериорен финиш на синоќешната штафета…
STOP WHAT YOU’RE DOING AND WATCH THE WOMAN IN ORANGE:
FEMKE BOL, in pouring rain, just put all of the Netherlands on her back, taking her team from 4th place & a 10m deficit to pass the USA and win GOLD in the women’s 4×400. I love track!!🔥🔥🔥#Paris2024 #Olympics pic.twitter.com/P7RdoX8yPy
— Emmanuel Acho (@EmmanuelAcho) August 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА