Македонските судии продолжуваат одлично да си ја вршат задачата на Олимписките Игри во Париз, Начевски и Николов се меѓу најдобрите на акометниот турнир, а во меѓувреме тениската судијка Анета Павловска беше дел од завршниот меч за златен медал во женска конкуренција што го играа Женг и Векиќ.
Павловска одлично си ја вршеше работата како линиски судија во претходните натпреварувачки денови, што и донесе место во судиската постава и за големото финале во женска конкуренција.
Македонката пред три години беше дел од судискиот тим на машкото финале на ОИ во Токио, а во нејзината биографија стои дека судела на финалето на Ролан Гарос 2023, во кое играа Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, но и двете машки полуфиналиња на Вимблдон 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА