Лајпциг заврши уште една одлична работа на трансфер-пазарот откако успеа да победи во трката по Чави Симонс, извонредниот плејмејкер што минатата сезона блескаше во дресот на овој клуб, но летово се врати назад во ПСЖ.
„Светците“ објавија дека не сметаат на холандскиот репрезентативец, по што почна трка на гиганти по Симонс во која долго време водеше Баерн Минхен. Баварците испратија и најбогата понуда, но инсистираа и на клаузула за откуп следното лето што беше неприфатливо за челниците на ПСЖ. Раководството на Лајпциг го искористи тоа и ги интензивираше преговорите во последната седмица, за денеска и официјално да добие зелено светло по целосно постигнатиот договор.
Симонс веќе ги известил челниците на Баерн за својата одлука да се врати назад во Лајпциг, откако блескаше во дресот на овој клуб во сезоната 2023/24.
Следна задача за Лајпциг е да се забрзаат преговорите со Барселона за продажбата на Дани Олмо, трансфер од кој германскиот клуб очекува да добие 60 милиони евра (20% од оваа сума ќе завршат на сметката на Динамо Загреб).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА