Сосема малку време им беше доволно на Трапановски и на Давид Бабунски да ги освојат симпатиите на фановите на Данди Јунајтед, па македонските репрезентативци се новите миленици на приврзаниците на новиот шкотски премиерлигаш.
Доказ за тоа се и македонските знамиња што можеа да се забележат пред стадионот пред дуелот од првото коло, во кое Данди Јунајтед за противник го има градскиот ривал Данди.
Трапановски и Бабунски се стартери за „портокаловите“ на овој натпревар, а останува да се види дали Македонците ќе го продолжат и своето голгетерско шо од изминатите натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА