Реал Мадрид претрпе пораз од 2-1 на пријателскиот меч со Барселона одигран во Ист Ратерфорд, но Карло Анчелоти не гледа премногу сериозно на овој резултатски неуспех.
Шампионскиот тренер во изјавата по мечот потенцираше дека приоритет во моментов му е кревање на формата на фудбалерите, потсетувајќи и дека кај Реал недостигале неколку клучни фудбалери како Белингем, Мбапе, Карвахал…
„Наша цел е на играчите да им дадеме време за игра и да им помогнеме полека да ја креваме формата. Во моментов не размислуваме премногу за тактичкиот аспект, туку само фудбалерите да ја достигнат оптималната кондиција. Ајде да не се правиме луди, ова се само предсезонски натпревари и нема потреба да се крева прашина поради резултатот, без разлика дали победуваме или губиме. Ни недотигаа и осум првотимци, ќе повторам – не е толку важен резултатот колку што е влегувањето во форма за стартот на сезоната“, порача Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

