Еден и единствен: Новак Ѓоковиќ до олимписко злато, Алкараз немаше лек за „Супер Ноле“

Новак Ѓоковиќ на 37 години ја круниса кариерата на најдобар можен начин со трофејот што му недостигаше – олимпиското злато откако српскиот тенисер славеше во денешното финале против Карлос Алкараз со 2-0 во сетови.

Само три седмици откако беше без одговор за Шпанецот во финалето на Вимблдон, Ѓоковиќ денеска одигра извонреден меч во кој со два тајбрејка го скрши отпорот на големиот противник, па без загубен сет на целиот турнир стигна со толку посакуваното златно одличје.

Алкараз може да жали за петте неискористени брејк топки во ист гејм пред крајот на првиот сет. Токму по тој освоен гејм Ѓоковиќ доби на самодоверба, па одлично го одигра тајбрејкот и славеше со 7-3. При водство од 1-0 Србинот делуваше уште помоќно на теренот, Алкараз успеваше да одолее на гејмовите на сопствен сервис, но кога дојде тајбрејкот Ѓоковиќ заигра уште подоминантно, стигнувајќи до 7-2 за својот најголем успех во кариерата.

Новак од почетокот на 2024 година немаше трофеј на турнирите на кои учествуваше, но затоа денеска го освои оној најпосакуваниот…

Се вчитува...