Кристијан Трапановски го постигна првиот гол во шкотската Премиер-лига откако стрелаше за својот Данди Јунајтед на градското дерби со Данди, меч што заврши 2-2.
Сепак, тренерот Џим Гудвин не е целосно задоволен од изданието на Македонецот, особено од неговата пропуштена шанса при резултат 2-1 со која можеше да ја запечати победата на својот тим.
„Разочарани сме што не победивме, уште повеќе ако го погледнете оној клучен момент кога ги фативме на спиење и во контранапад Трапановски излезе очи в очи со голманот. Мислам дека требаше да го мине голманот кој беше далеку од голот, но се реши да шутира… топката за малку не заврши во мрежата. Не сакам премногу да го критикувам бидејќи Трапановски имаше извонреден меч, но штета е што не погоди, ако тоа беше гол сигурно ќе ги освоевме трите бода“, изјави стратегот на Данди јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА